На денешен ден е родена една кошаркарска легенда.
За постарите љубители на кошарката добро познат. Можеби единствениот кошаркар кој би можел офанзивно да му парира на најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан. На оние кој сериозно ја следаат оваа волшебна игра одекнува името на Жак Доминик Вилкинс. Најдобриот играч во историјата на Атланта Хоукс. Единствениот кошаркар кој се вратил по тешката повреда на ахиловата тетива, и притоа да биде подеднакво квалитетен и продуктивен како и пред (тешко) да се повреди.

За многумина, “Ник” е (можеби) најпотценетиот играч кој стапнал на кошаркарскиот терен. Во долгата и богата кариера (од 1982 до 1999 година) Вилкинс играше за Атланта Хоукс, Лос Анџелес Клиперс, Бостон Селтикс, Сан Антонио Спарс и Орландо Меџик. Со голем успех настапуваше и на Европскиот континент. Ја освои европската круна со Атински Панатинаикос, и беше прогласен за најдобар играч на Евролигата во 1996 година. Го освои италианското првенство со Фортитудо Болоња, две години подоцна (1998 година).
Посебно познат по своите атлетски карактеристики, своите најдобри дуели на натпреварите во забивање ги имаше токму тој против Мајкл Џордан, а потоа “Спад” Веб, Кени Вокер, Шон Кемп итн. Во два наврати беше избран за најдобар забивач, иако според многумина таа награда требаше да му биде доделена минимум четири пати. Девет кратен All Star играч и еден од најдобрите стрелци на 80-те и 90-те.
Во прилог најдобрите 60 забивања како и најдобрите 40 потези на единствениот и неповторлив, Доминик Виликинс.
NBA FAN
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] Санти мраз во Њујорк, има мртви](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/lvQFd-nji-jork-depositphotos-21425537-xl-218x150.jpg)




![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)













