На денешен ден, бевме сведоци на (според многумина) најневеројатниот пресврт во историјата на кошарката.
На 9-ти Декември 2004 година, “спарси” имаа огромно водство и го привршуваа мечот на гости против “ракетите”. Тогаш им се случи Трејси МекГрејди. “Ти-Мек” буквално сам, го врати својот тим од бездната. Хјустон направи неверојатен “кам бек” и го порази Сан Антонио на свој терен. Постигнувајќи неверојатни 13 поени за само 33 секунди, “Ти-Mек” го порази тексашкиот ривал. Со перфектни 4-4 шут од поле, ни приреди незаборавна престава која многу тешко се опишува. Феноменалниот финиш од овој меч се вбројува во највозбудливите кој некогаш се случиле. Ова поентерско ремек дело засекогаш го зацементира името на МекГрејди меѓу најголемите стрелци кој сме имале чест да ги видиме.
Уживајте во ова видео.
NBA FAN
Димитар Младеновски