NBA колумна на Димитар Младеновски-ДиАнџело Расел (ВИДЕО)

612

Дианџело Дантеј Расел го има еден од најинтересните почетоци на професионална кариера. Стартот беше исполнет со повреди, пехови и несакани искуства, на и надвор од теренот. По турбулентните две години во дресот на Лос Анџелес Лејкерс, младиот и надежен бек шутер беше разменет во Бруклин Нетс.Во дресот на “мрежичките”, Расел имаше одлични претстави со кој се промовираше во еден од најсилните офанзивни бекови во Источната конференција. Во двете години поминати во “Барклеј” центаот, “Ди Лоу” се промовира во прва опција во нападот и сосема заслужено стана All Star играч.Лани летото по добивањето на нов богат договор беше разменет во Голден Стејт. Пристигна во актуелниот шампион но повредите на клучните играчи и ужасно лошиот тимски старт беше пресуден повторно да ја смени играчката средина. По само 33 одиграни мечеви за “воините” замина во Минесота.Неговото доаѓање во Минеаполис беше вистинско освежување за тимот, а таму пристигна по силно инсистирање на првата ѕвезда и негов голем пријател, Карл Ентони Таунс.Денес имаме видео во кое за време од 8 минути е раскажана неговата досегашна приказна. Уживајте…

NBA FAN

Димитар Младеновски