NBA-Хјустон е најголемото изненадување во моментов (ВИДЕО)

948

Едно од најинтересните тимови во лигата е младиот состав на Хјустон Рокетс.По ужасната серија од 15 порази едно по друго, “рокетси” во моментов, имаат 6 победи по ред. Во синоќешниот дуел со Њу Орлеанс Пеликанс, тимот од Тексас повторно извојува победа на задоволство на домашните навивачи. Во брз и ефикасен натпревар, конечни 118-108 за Хјустон. Иако најголемиот дел на експертите не очекуваат некој забележителен резултат, младиот тим од Тексас покажува знаци на напредок.

Во последниот натпревар, најдобри стрелци беа Кристијан Вуд и Ерик Гордон со по 23 постигнати поени. Хјустон на два пати ја победи Оклахома, ги поразија Чикаго, Шарлот, Орландо и синоќа Њу Орленс за оваа успешна серија.

NBA FAN

Димитар Младеновски