Времето во Македонија ќе биде сончево. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има зголемена облачност, а во западните и северните делови со повремени врнежи од дожд.
Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од 14 до 21 степен.
Во Скопје, слично време, сончево, кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Следува период на стабилно и многу топло време за овој период од годината.
Максималните температури ќе бидат над 20-тиот степен. Најтопло ќе биде во сабота кога дневната температура ќе достигне до 24 степен.
Зголемена облачност, синоптичарите најавуваат само утре кон крајот на денот и во текот на ноќта.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















