Конечно, нов возбудлив дуел помеѓу два непоразени боксери.
На 22-ри Јуни годинава, во Хјустон (Тексас) Гервонта Дејвис ќе се соочи со Френк Мартин. Ова претставува дуел на борци кој во досегашната кариера не знаат за пораз, во “лесна” категорија. Според боксерските аналитичари, не очекува неизвесен и возбудлив дуел.
По тешкиот период, проблемите со законот и паузата од цела календарска година, Дејвис се враќа во рингот и според многумина го добива најсериозниот противник до сега. Последната борба на популарниот “Тенк” беше во Април 2023 кога го победи Рајан Гарсија. Набрзо по триумфот мина 44 денови во затвор поради прекршување на условната казна која претходно му беше изречена. Потоа му беа доделени 90 денови домашен притвор поради инцидентот во Ноември 2020 година, кога во сообраќајна несреќа повреди 4 луѓе и избега од местото на настанот. Се чини дека конечно ги остава проблемите зад себе и се враќа назад во рингот.
Френк Мартин е 29 годишен непоразен борец од Детроит (Мичиген). Израснат е во Индиjанаполис и претставува најдобриот и најуспешен боксер кој доаѓа од Индијана. Во својот професионален пат има 18 борби без пораз. Го краси брзина и разорна моќ со обете раце. Во 2016-та година ја освои престижната “Златна ракавица”. Популарниот “Дух” е поранешен спаринг партнер на Дејвис а многумина кој биле сведоци на нивниот “пријателски” дуел тврдат дека токму Френк Мартин излегол од рингот со исправена глава и горд на својата победа. Некој одат и до таму дека Мартин го нокаутирал Дејвис “зад затворени врати”.
Со нетрпение се очекува дуелот во “Тојота центар” кој без никаков сомнеж ќе биде исполнет до последното место. Уживајте во анализата на “Мотивмедиа Боксин” и најавата на оваа битка.
Димитар Младеновски