NBA-Ентони Дејвис експлодира во престолнината (ВИДЕО)

651

На синоќешниот натпревар помеѓу Вашингтон Визардс и Лос Анџелес Лејкерс, Ентони Дејвис пружи партија за паметење.

Еден од најдобрите центри во NBA, постигна 55 поени и 17 скокови во победата на својот тим на гостувањето во главниот град од 130:119.
“Еј-Ди” имаше импресивен процент на реализација од поле од цели 73%. Со ваквата игра, Дејвис стана вториот играч во историјата на Лос Анџелес Лејкерс кој во два натпревара едно по друго успеал да постигне над 40 поени и над 10 скокови, по легендарниот Шекил О’Нил кој тоа го стори во 2000-та година.

Дејвис исто така влезе во уште едно елитно друштво. Стана третиот играч во историјата на лигата, кој на два натпревара по ред ја надминал границата од 95 постигнати поени со реализација на шутевите од поле со над 70%. Oстанатите двајца на кој тоа им пошло од рака се Вилт Чембрлен и Кевин МекХејл.

Леброн Џејмс постигна 28 поени а Лони Вокер 20 поени во третата победа по ред на “Лејкерси”. Расел Вестбрук реализира 15 асистенции.
На спротивната страна Кристапс Порѕингис беше најефикасен со 27 поени, следен од поранешниот “езерџија” Кајл Кузма кој реализира 26 поени.

И покрај тоа што победија на 8 од последните 10 натпревари, “Лејкерси” сеуште се под 50% успех со биланс од 10 победи и 12 порази.

NBA FAN
Димитар Младеновски