Многумина беа разочарани од одлуката Лука Дончиќ да не се најде меѓу играчите кои ќе настапат на Ол-Стар натпреварот во Шарлот.
Словенечкиот кошаркар, кој игра неверојатна „руки“ сезона во НБА лигата, беше втор меѓу бековите на Западната конференција според гласовите нанавивачите, но благодарение на гласовите на играчите и новинарите испадна од стартната петорка. По ова, тренерите не го избраа меѓу седумте резерви.
Меѓутоа, Ол-Стар центарот Ентони Дејвис синоќа се повреди на натпреварот меѓу Њу Орлеанс и Оклахома и веројатно ќе го пропушти натпреварот кој се игра в недела. Дончиќ на Ол-Старот ќе настапи во натпреварот за вештини, а сега би можел да се најде и на главниот натпревар како замена а Дејвис. Негов најголем конкурент за местото, според американските медиуми, е Дерик Роуз.
Дончиќ во првата сезона во НБА постигнува 20.7 поени, 7.2 скока и 5.6 асистенции по натпревар.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















