На денешен ден, 1996-та година шампионот Чикаго гостуваше во Индијанаполис.
Судирот помеѓу “Пејсерси” и “Булси” секогаш беше возбудлив, посебно во втората половина на 90-тите. Оваа ноќ, “биковите” повторно ја покажаа својата сила и успеаа да го издржат притисокот на домаќините победувајќи со 110-102 во “Маркет Скуер” арена. Она што го одбележа мечот беше сјајното издание на легендарниот тандем, Мајкл Џордан и Скоти Пипен.
Џордан постигна 44 поени а неговиот добар пријател 40, постигнувајќи речиси 80% од поените за својот тим. Со вакво доминантно поентерско издание победникот не беше доведен во прашање. Oва беше прв пат динаичното дуо да постигне над 40 поени на исти меч.Во 75 годишната историјата на NBA, само 11 пати се случило двајца соиграчи на исти натпревар да постигнат над 40 поени. Денис Родман беше фантастичен во скок играта и зграби неверојатни 23 скокови.
Последен пат, двајца соиграчи постигнаа над 40 поени пред безмалку 10 години. На 23 Март 2012 година, Расел Вестбрук постигна 45 а Кевин Дурент 40 во победата на Оклахома Сити над Минесота. Со ова достигнување станаа првите соиграчи на кој ова двапати им пошло од рака.
Уживајте во натпреварот меѓу ривалите од централната дивизија, Чикаго Булс против Индијана Пејсерс (18.02.1996).
NBA FAN
Димитар Младеновски