NBA колумна на Димитар Младеновски: Carmelo Anthony конечно најде нов дом.

66

По речиси една година надвор од терените, Carmelo Anthony се враќа во NBA лигата и тоа како член на Portland Trail Blazers. Последен негов тим беше Houston Rockets, но за кратко време под чудни околности беше отстранет  од составот на “ракетите”. Во меѓувреме се шекулаираше дека популарниот “Melo” ќе заврши во Los Angeles Lakers кај својот голем пријател LeBron James, но на крајот “блејзерси” успеаа да го потпишат со т.н. “незагарантиран договор”.Тоа значи дека поранешниот најдобар стрелец во лигата, ке има можност за докажување до 7-ми Јануари 2020 година, кога Portland може да го продолжи договорот до крајот на сезоната.

“Melo” е 10-кратен All Star играч и поранешен репрензентативец на С.А.Д. Според многумина е сметан за еден од офанзивно најнадарените стрелци кој се појавиле последните две декади. Portland Trail Blazers ќе биде петиот тим во неговата кариера, откако претходно настапуваше за Denver, New York, Oklahoma City и Houston. Останува прашањето како ќе се снајде во овој состав и каква улога ке му биде доделена? Тимот од Орегон имаше недостаток од играчи по честите повреди на поголем број на играчите. Portland го има еден од најдинамичните бековски тандеми во лигата (Damian Lillard и C.J. McCollum) а сега со помош на “Melo” нападот на тимот и постигнувањето на што е можно повеќе поени не би требало да претставува никаков проблем.

NBA FAN

Димитар Младеновски