NBA-Џејмс Харден има нов број (ВИДЕО)

901

Откако му се оствари желбата да заигра во Филаделфија, поранешниот MVP Џејмс Харден ќе биде принуден да го промени бројот на дресот.

Во текот на неговата 13 годишна професионална кариера, “брадата” го носеше дресот со број 13 настапувајќи за Оклахома Сити, Хјустон и Бруклин. Овој пат, неговиот омилен број не е достапен. Бројот 13 е повлечен од употреба од страна на Филаделфија 76ерс во чест на нивниот легендарен центар, Вилт Чембрлен.

Харден ќе настапува со дресот број 1 а веќе од денес, новиот дрес е достапен во официјалниот “NBA Store” ширум САД.

NBA FAN

Димитар Младеновски