Нова снимка: И Мекгрегор е виновен за хаосот што настана во Лас Вегас

599

Хабиб Нурмагомедов ја доби УФЦ борбата со Конор Мекгрегор во Лас Вегас, но едноставно денеска никој не зборува за неговиот триумф туку за инцидентот и нередите што се случија по завршувањето на мечот.

Имено борецот со руско потекло по победата го прерипа октагонот и тргна да се пресметува со дел од луѓето на Ирецот, по што настана вистински хаос. Имаше борба на „трибините“ и октагонот и првичниот впечаток беше дека Хабиб е вистинскиот, единствениот виновник за инцидентот.

Но дали навистина е така, односно дали Мекгрегор е чист во оваа ситуација? Дефинитвно не е и за тоа говори следново, видео, нова снимка во која јасно се гледа улогата на Ирецот.

Имено откако Хабиб излета надвор од октагонот, во акција се спушти и Конор меѓутоа во последен момент беше спречен тоа да го направи со тоа што во таа ситуација повлезе потег и замавна кон тренерот на Нурмагомедов кој во таа ситуација се обидуваше да ја мине заштитната ограда.

Од тука настан вистински хаос и во арената за борба, влетаа и други луѓе, па Ирецот мораше и на нив да им се спротистави. Погледнете ја снимката и се ќе ви стане јасно.