Мемфис Гризлис и Голден Стејт Вориорс ја започнаа својата битка за пласман во финалето на западната конференција. Првиот натпревар ги оправда очекувањата.
Во меч кој се решаваше во последните секунди, “воините” успеаа да го издржат притисокот и да слават со 117:116 поведувајќи со 1:0 во серијата. Тројката на Клеј Томсон донесе водство за гостите од Калифорнија по што Џа Морент имаше шанса за победа но неговото положување беше неуспешно.
Џордан Пул одигра одличен меч постигнувајќи 31 поен и 9 асистенции следен од Стеф Кари кој постигна 24 и Ендрју Вигинс со 17 поени. На спротивната страна Џа Морент беше на чекор до трипл-дабл со 34 поени + 10 асистенции + 9 скокови. Двобојот продолжува во Тенеси за два дена од сега.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















