Бокс корнер со Димитар Младеновски-Шампионот од Бруклин е незапирлив

1210

Речиси две години, секојдневно слушавме изјави како Теофимо Лопез е подготвен да го превземе шампионскиот сјај. Смелиот пристап и советите на тренерскиот тим предводен од неговиот татко вродија плод.

На 23 годишна возраст, “гордоста на Бруклин” го покори боксерскиот Свет.Долгоочекуваниот дуел помеѓу Теофимо Лопез и (украинскиот шампион) Василиј Ломаченко, се случи ноќеска во конференцискиот центар на “MGM” арената во Лас Вегас. По овој фантастичен судир, Лопез останува непоразен со скор 17-0 како професионалец. Со едногласна победа на судиите по 12 рунди (и вкупен резултат на поени 116-112), Лопез ги обедини најголемите 4 титули.“Teo” пред борбата веќе беше сопственик на појасот од IBF а од денес е носите и на WBA, WBO и WBC појасот кој го превзема од својот далеку поискусен противник.Иако се очекуваше дека со еден молневит удар Лопез би дошол до победата (преку нокаут), најголемото изненадување оваа вечер беше тоа што тој во Ломаченко го надмина најдобриот “чист боксер” на Светот за да ја добие победата. Сведоци сме на прогресот на едно од најголемите имиња кој се појавиле последнава декада. Ломаченко не изгледаше на себе, посебно при крајот на борбата. Долгата пауза од 14 месеци неспорно го направи своето. Беше видно заморен и од таа причина судиите одлучија во корист на помладиот и поспремен противник. “Ова е превземање! ” рече Лопез, повикувајќи се и на неговиот прекар и на вообичаената фраза. “Време е да се појави новата генерација и јас да го водам патот за сите! Му се заблагодарувам на Бога! Благодарен сум секој ден. Ке продолжам силно понатаму”.  Во прилог е профилот на гордоста од Бруклин, за кого веќе пишувавме.

Димитар Младеновски

Бокс корнер со Димитар Младеновски – Гордоста на Бруклин (ВИДЕО)