Девојки кои ги уништија спортистите: Им го украдоа срцето и ги однесоа во пекол (ФОТО)

125

Спортистите од секогаш биле привлечни за манекенките, како и за сите останати девојки. Многу од нив налетаа на погрешни жени поради кои на крајот скапо ги платија љубовните авантури. На некои им беа уништени кариерите, добија уцени, беа искористени и оставени со скршено срце.

Еден од нив е НФЛ-играчот, Вон Милер кој стана жртва на уцена на поранешната љубовница Елизабет Руиз.

Руиз за да му се одмазди на американскиот спортист затоа што ја оставил, решила да почне да го уценува за да не објави снимка од нивниот интимен однос и барала 2,5 милиони долари.

Иако бил исплашен да не остане без спонзори, Милер не ја платил уцената, а Судот подоцна забранил да се објави видеото во јавност.

Роксан Џеферс е актерка за филмови за возрасни, која успеала да го искористи поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Маруан Фелаини, кој беше заљубен во неа. Таа на крајот успеала и да го измами со соиграч, па Белгиецот останал со скршено срце.

Англискиот фудбалер Лук Фостер бил во сериозна врска со Беки Николсон. Шест години биле заедно, имале дете, планирале венчавка, а потоа следел шокот.

„Беки сакаше сè. Голема куќа, скапа облека, ВИП-статус, неограничена количина пари… Без најава ме напушти мене и детето и замина со Џејми Варди“, раскажува Фостер.

Во рок од еден месец забраменила со Варди и го оставила својот поранешен вереник во тешка состојба.

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Тео Ернандез доживеа голема непријатност минатото лето кога руската девојка Луис Кремлев го обвини за сексуален напад, кој наводно се случил на задното седиште на неговиот автомобил.

Русинката се обиде да извлече пари, но тој беше истраен во намерата да ја докаже невиноста и на крајот успеа во тоа.

Ванда Нара успеа да го растури пријателството на два познати фудбалери – Макси Лопез и Мауро Икарди. Таа беше во брак со Лопез, но не ја спречи атрактивната русокоса да го „украде“ срцето на неговиот најдобар пријател Икарди.

Една од најпознатите актерки во филмови за возрасни, Лиса Ен тврди дека спиела со повеќе од 100 НБА-кошаркари, но никогаш нивниот идентитет не беше откриен.

Многу прашина се крена во едно интервју кога зборуваше за нивниот однос со други девојки и кажа дека 25% од познатите НБА-кошаркари добиваат уцени поради тоа.