Од синоќешната NBA програма го издвојуваме дуелот помеѓу Лос Анџелес и Њу Јорк.
По драматичниот финиш и дополнителните пет минути, “лејкерси” конечно извојуваа победа од 122-115. Гостите пружија добра игра и силен отпор пред се поради одличното издание на тандемот Џулиус Рендл и Ар-Џеј Берет кој заедно постигнаа 68 поени но, и тоа не беше доволно за подвиг во продолжението. Домашните беа предводени од Леброн Џејмс кој оствари трипл-дабл учинок (29 поени + 13 скокови и 10 асистенции) а одлична поентерска вечер имаше најпријатното изненадување во составот сезонава, бекот поентер Малик Монк кој реализира 29 поени.
Ентони Дејвис полека но сигурно се враќа во ритам. “Веѓата” имаше моќен дабл-дабл ефект сочинет од 28 поени и 17 скокови. Од управата на “лејкерси” се очекува конкретна активност на трансфер пазарот во наредните денови по разочарувачки слабите резултати. Во моментов се наоѓаат на 9-тата позиција во западната конференција со скор 26-28.
NBA FAN
Димитар Младеновски








![[ФОТО] Започнува изградбата на мега-паркот во Бутел – еве како ќе изгледа](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/11/3h9cP-14-218x150.png)






![[ВИДЕО] Апокалиптично невреме: „Бајрон“ ја поплави Грција](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/ZE6Qc-5-218x150.png)




![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)




















