Македонскиот зет Гурбиндо: Среќен сум што доаѓам во Скопје, сакам да играм Ф4 со Вардар!

943

Најновото име кое следната сезона ќе го засили Вардар, Едуардо Гурбиндо зборуваше за официјалниот клупската веб страница. Шпанскиот искусен бек едвај го чека новиот предизвик, најави дека со Вардар има високи амбиции и дека е среќен што доаѓа во Скопје.

„Видов дека има интерес од клубот за мене, и тоа беше еден клучен момент. Јас сум во Франција веќе пет години и мислам дека е време за промена. Секогаш барам нов предизвик, нови цели, нешто ново да се научи. Мислам дека е ова добра шанса да се дојде во клуб како Вардар, и ќе останам тука три години, доволно време да се вклопам во тимот и да постигнеме резултати. Знам дека и претседателот е амбициозен, тој ми кажа дека сака да победува. И јас сум со ист менталитет, секогаш сакам да победувам на секој меч. Тоа ќе биде добар предизвик за мене. Исто така и мојата сопруга е од Македонија и ова е шанса да се научи јазикот за во иднина. Мислам дека ова е добра, но и комплетна одлука. Не само за мене, туку и за семејството. Мислам дека добро ќе се снајдеме во Скопје. Одлуката беше целосно моја, се разбира заедно со семејството. Не ми требаше ништо повеќе да знам за Вардар и Скопје. Не само за екипата, туку и за градот и земјата. Знам што треба да знам за Вардар, од услови, од сала, град“, започна Гурбиндо.

Гурбиндо ги спореди условите во Барселона и Нант, но нагласи дека ниту Вардар не е далеку од нив. Бекот од Шпанија е свесен за тежината на „црвено-црниот“ дрес, најави голема борба и обид за победа во секој натпреваро.

„Барселона секогаш е Барселона. Тоа е добра екипа каде имаш шанса да се бориш за сите можни титули. Јас сега играм во Нант, и секако и таму ги имаме сличните услови. Вардар е тим што е во самиот врв, каде секако ќе бидеме конкуренти на секое поле, на секој натпревар. Имаме повеќе различни првенства каде ќе треба да се натпреваруваме и да победуваме.
Секогаш велам дека е комплицирано да се зборува за иднината, но сакам да играм за да победувам. Мојата прва цел е да бидат со тимот, а потоа да ги потврдам и да ги подобрам моите перформанси. Се надевам дека ќе успеам во тоа. Секако дека сакам да бидеме и на Ф4. Сигурно ќе ми помогне тоа што во Вардар веќе имаше еден систем на кој и јас сум навикнат. Гледав и некои натпревари, но секако треба да разговарам со тренерот да видам како тоа сè функционира. Потоа и со играчите, тие ќе бидат мои соиграчи. Не се плашам од било каква новост, прифаќам секаков предизвик. Сигурно ќе се адаптирам на се што ме очекува тука, и со нетрпение очекувам да почнам“, заврши Шпанецот.

За волја на вистината, Михајловски докажа дека Вардар ќе се обиде да се врати со старите амбиции. Досега освен Гурбиндо пристигнаа Анте Кудуз и Дарко Ѓукиќ, а се очекува голманската конкуренција да ја засили Мартин Томовски.