Анчелоти предложи ново фудбалско правило: „Ќе мора наскоро да го воведеме“

276

Вистинска драма се одвиваше на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Валенсија во последниот натпревар од минатото коло во шпанска Ла Лига. Натпреварот заврши 2-2, со тоа што на Реал му беше поништен гол за победа длабоко во судиското продолжение. Судијата Хесус Манзано, имено, досуди крај насред акција на Реал, поради што е суспендиран на два натпревари.

Оваа ситуација, како и многу други спорни ситуации во судиските продолженија, не би се случила ако е воведено правило со ефективно време кое го предложил и славниот поранешен судија Пјерлуиџи Колина. Тој рекол дека би било добро во завршниците од натпреварите да се стопира часовникот во текот на прекините, за да се спречи крадење на време, односно одолговлекување.

Анчелоти би го поддржал Колина

Тоа правило не е прифатено, но судиските продолженија значајно се продлабочија, така што 100-минутните натпревари станаа нормална појава. Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти рекол „да“ за воведување на правилото на Колина.

„Правилото за ефективно време ќе мора да почне да се применува наскоро поради тоа што се случи во саботата. Концептот за судиско продолжение, односно додадено време е нејасен и комплициран. Ефективното време е решение“, рекол Анчелоти на прес-конференција.

Реал вечерва игра против Лајпциг во возвратен натпревар од осмина-финалето на Лигата на шампионите во Мадрид. Од првиот натпревар Реал има предност од 1-0.