Атланта Хоукс и Сан Антонио Спарс рано утрово направија трампа.
Најдобриот играч на “спарси”, Дежонте Мари преминува во Aтланта а во спротивен правец слета италијанскиот ветеран Данило Галинари како и три пика од првата рунда на идните драфтови.
Мари лани ја одигра најдобрата сезона во пет годишната NBA кариера. Постигнуваше по 21 поен по натпревар и стана All-Star играч. Информацијата дека се прикчучува на “јастребите” со задоволство ја прифати првата ѕвезда во тимот, Треј Јанг кој е исклучително возбуден што ќе има можност да настапува со новиот соиграч.
Од друга страна, Сан Антонио врши целосен ремонт на тимот. За очекување е откуп на договорот на Галинари. 13 годишниот NBA ветеран во тој случај би станал слободен играч.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















