Актуелниот шампион во одличен ритам. Милвоки Бакс стигна до својата 8-ма победа по ред.
Во синоќешниот натпревар против Шарлот Хорнетс, “бакси” во неизвесна завршница успеаа да го зачуваат домашниот терен и да извојуваат тешка (но заслужена) победа од 127-125. Лидер повторно беше актуелниот MVP, Јанис Антетокумпо, со импресивен дабл-дабл учинок од 40 поени и 12 скокиви. Дури 7 кошаркари на победничката екипа имаа двоцифрен број на поени. Покрај својот лидер, вториот стрелец во тимот, Крис Миделтон постигна 21, Грејсон Ален 16, Џру Холидеј, Пет Конанхтон и Џорџ Хил по 11, а Боби Портис 10 поени.
Младиот тим на Шарлот даде сериозен отпор. Младиот плејмејкер, Ламело Бол беше нивни лидер со 36 поени и 9 асистенции, следен од Кели Убре (јуниор) со 25 и Мајлс Бриџис со 22 поени, недоволни за гостински подвиг. На овој меч, свое деби за “елените” имаше и поранешниот All-Star центар (и олимпиец) Демаркус Казнс. Популарниот “Буги”, во својот прв меч за Милвоки, постигна 7 поени за 15 минути игра.
Со осмата победа по ред, Милвоки (во моментов) е израмнет со Чикаго на третата позиција на Истокот, со идентичен скор 14-8. Шарлот (по третиот пораз еден по друг) падна на деветото место.
NBA FAN
Димитар Младеновски









![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












