(Видео) “Пушкаш” за 2020 година: Ова момче изведе корнер за кој зборува цел фудбалски свет

117

Ретко имаме можност на утакмиците да видиме директен гол од корнер и творците на овие ремек-дела се главно мајстори на фудбалската игра, меѓутоа, овој пат фудбалскиот свет беше воодушевен од еден аматер од Англија.

Непознатото момче го постигна голот од корнер “без да гледа” каде шутира и снимката од неговата мајсторија воодушеви милиони љубители на фудбалот ширум планетата.

Наместо во топката, ја погледна камерата и на спектакуларен начин го совлада голманот на противничката екипа.

Легендарниот англиски фудбалер Гери Линекер предложи ова момче да добие награда “Пушкаш” за гол на годината.