Откако го задржаа својот капитен (и клупска легенда) Дамјан Стојановски, МЗТ Скопје Аеродром продолжи со ангажман на нови адути за следната сезона.
Во Аеродром пристигнува Мајк Кофи, 29-годишен плејмејкер кој е повеќе од подготвен да го предводи нападот на “металците”. Во 2014-та година беше сметан за еден од најдобрите средношколски играчи во Калифорнија. Кофи помина 4 години на универзитетот Лонг Бич Стејт, по што беше повеќе од подготвен да се впушти во интернационални и професионални височини.

Македонскиот шампион доби играч со искуство кој досега има настапувано во Трикала (Грција), Лученец (Словачка), Киев Басет (Украина), Запорожје (Украина) и Крејслхем (Германија). Лани ја имаше најдобрата професионална сезона во кариерата. Настапувајќи во германски Крејсхлем Мерлинс, постигнуваше по 17 поени и близу 8 асистенции по меч (со речиси 50% реализација во обидите за три поени).
Задржувањето на лидерот и капитенот беше приоритет на тимот од Аеродром. По останувањето на Дамјан Стојановски секој следен потег за засилување на тимот се очекува да оди полесно.
МЗТ Скопје Аеродром во натпреварувачката 2022/2023 ќе ја брани шампионската титула но, се враќа на “јадранската” АБА 1 лига каде (според очекувањата и желбите на Македонската публика) повторно ќе го врати препознатливиот интернационален сјај.
Димитар Младеновски




![[ВИДЕО] Акција во Инџиково од 5 часот наутро: Општина Гази Баба почна со уривање дивоградби](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/AjPAL-divogradba-indzikovo-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Руски генерал убиен во Москва](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/3W5xK-moskva-1-logo-federalna-sluzba-za-bezbednost-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] Украинците погодиле танкер во руски град: Има загинати](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/mWes0-138df032-8c52-4d59-a721-5c23273e570f-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)

















