По неверојатната победа над Италија, македонските фудбалери денес во Порто играат историски натпревар против Португалија за пласман на светското првенство во Катар.
Македонска навивачка група во Португалија од срце ќе навива и ќе ги бодри македонските фудбалери. За сите навивачи и за фудбалерите во Португалија на 29 март, Македонски Телеком ќе обезбеди бесплатен роаминг, бесплатни разговори и СМС пораки и 3GB бесплатен интернет. Да навиваме за Македонија без граници!
Португалија со Роналдо, Жота, Силва можеби е фаворит на хартија, но нашите фудбалери покажаат големо срце, прожртвуваност на натпреварот со Италија, и нè убедија дека се е можно во фудбалот.
Возбудата и радоста е огромна! Овие неколку дена го живееме нашиот фудбалски сон, и сме само на еден чекор до Светското во Катар! Нашите фудбалери ни покажаа зошто фудбалот е најдобрата споредна работа на светот, и дека и невозможното се случува. Да ја поддржиме сите заедно репрезентацијата, да навиваме и да посакаме успех.
Да испишеме нова фудбалска историја!















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















