Радуљица пристигнува во Истанбул за уште посилен “Фенер”

524

Турскиот шампион, Фенербахче продолжува со импресивните засилувања во овој летен преоден рок.

По доаѓањето на NBA шампионот, Немања Бјелица тимот од Истанбул доведува уште еден српски репрезентативец.Станува збор за искускниот центар Мисролсав Радуњица. 34-годишниот ветеран има богато искуство.

Кариерата ја започна ушта на 16 годишна возраст во дресот на ФМП, пред да се пресели во германска Алба Берлин. Потоа кратко настапуваше за Партизан и украински Азовмаш пред да се пресели во NBA каде во сезоната 2013/2014 настапуваше за Милвоки Бакс. По само 5 одиграни натпревари за Минесота Тимбервулвс во 2015-та година потпиша за кинескиот Шандонг пред да премине во Атински Панатинаикос. Следуваше преселба во италијанскиот шампион Емпорио Армани по што од 2017-та година до сега се сели на Азискиот континент.

Последните три сезони, Радулљица ги мина во најпрво во Кина носејќи го дресот на Џингасу и Зечијанг пред лани да се пресели Јужна Кореја, во тимот на Гојанг Орионс. Според последните информации, многу елитни тимови се заинтересирани за неговите усуги. Популарниот “Радуле” со себе носи мудрост и непроценливо искуство кое во комбинација со неговиот неспорен квалитет делува идеално за туркиот шампион. Интересно е што главни “виновници” за неговото доаѓање во Истамбул се колегите од репрезентацијата, Немања Бјелица и Марко Гудурич кои инсистирале на негов ангажман.

“Фенер” летово претрпе сериозни промени. Нов тренер е грчкиот стратег Димитрис Итудис. Тимот го напуштија Нандо Де Коло, Лонренцо Браун и Јан Весели а на нивно место пристигнаа Скоти Вилбекин, Џонатан Мотли, Тони Џекири а се врати и NBA шампионот, Немања Бјелица.

Димитар Младеновски