Во првиот натпревар од третото коло во Серија А, Лацио го пречека Интер.
Дуелот во Рим донесе многу возбуда. Како и ланската сезона во меѓусебниот дуел, така и оваа резултатот на “Олимпико” беше ист. Лацио го совлада Интер со 3:1, идентично како и во натпреварувачката ’21/’22.
Фелипе Андерсон донесе водство во 40-тата минута по сјајната асистенција на Сергеј Миленкович Савич. На полувреме се отиде со резултат 1:0 но, на почетокот од вториот дел Лаутаро Мартинез израмни на 1:1. Гостите од Милано ја превземаа контролата и имаа неколку неискористени шанси по кој (како не пишано правило) следуваше казна.
Луис Алберто во 75-та минута носи водство за домаќините, по што Шпанскиот ветеран Педро во 86-тата го потврди триумфот за огромна радост на домашните навивачи.
Со овој триумф, “лацијаните” привремено се најдоа на првото место на табелата.
Димитар Младеновски














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















