Лос Анџелес Лејкерс се на чекот до освојувањето на својата 18 шампионска титула. Во тврд и неизвесен натпревар, конечно го скршија отпорот на Мајами Хит. Победија со 102:96, и поведоа со 3:1 во победи.
Четвртиот натпревар беше најнеизвесниот како и најквалитетниот во финалната серија до сега. Двата тима не успеваа да се одлепат на повеќе од 5 поени предност. Последната четвртина беше една сосема нова приказна. Лејкерси ја превземаа контролата до конечен триумф.
“Езерџиите” повторно беа предводени од ЛеБрон Џејмс кој имаше одлична партија сочинета од 28 поени, 12 скокови плус 8 успешни додавања. Следуваше Ентони Дејвис со 22 поени а вистинско изненадување предизвика играта на дефанзивно ориентираниот Кантевиус Калдвел-Поуп.
“Кеј Си Пи” постигна 15 поени со одличен процент на шут и токму неговата игра на крајот на мечот заедно со балансираниот напад кој го водеше Рејжон Рондо беше клучен за успехот на тимот.
Шанса за големо славје, Лејкерси имаат веќе во Петок за кога е закажан петтиот меч.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















