Младинскиот репрезентативен ракометар од РК Струга, Ненад Костески, прелета во трансфер директно до РК Загреб.
Очигледно дека залагањето и неговиот придонес во дресот на Струга беше препознаен и вреднуван, по што му се насмеа трансфер во поголем клуб, каде ќе може дополнително да напредува.
Нешто слично во минатото направи и сега нашиот капитен Кире Лазаров, кој со свои 20 години замина од Пелистер и премина во Хрватска, каде беше трасиран неговиот пат кон блескавата кариера.
Со ова буквално уште еднаш Струга потврди дека на ова поднебје се раѓаат расни ракометари кои ќе можат да напредуваат и настапуваат на европска сцена.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















