Конечен крај на сагата околу Пауло Дибала

412

Пауло Дибала, конечно има нов клуб.

По долгите преговори со Интер (како и шпекулациите околу новиот тим на аргентинскиот репрезентативец) екипата на Рома го ангажира 28-годишниот аргентински напаѓач. Според новинарот Џанлука Ди Марцио, тимската легенда Франческо Тоти и тренерот Жозе Мурињо се “главни виновници” за преминот на Дибала на “Олимпико” како слободен играч. По Палермо и Јувентус, “римската волчица” ќе биде третиот клуб за кој популарниот “дијамант” ќе настапува во италијанското првенство.

Во новата сезона Дибала ќе го носи дресот со број 21. Потпишува тригодишен договор кој (доколку се пресметаат бонусите во истиот) може да достигне до 6 милиони евра годишно.

Димитар Младеновски