NBA колумна на Димитар Младеновски – Utah Jazz = тим убиец на џинови!

79

Тимот од Salt Lake City некако од сенка, летово направи тим достоен да се носи со далеку посилните од нив во предходните години. На младоста на тимот се додаени играчи полни со непроценливо искуство кое е круцијално важно во борбата за подобар пласман во play-off. Правиме кратка анализа на Utah Jazz, тимот кој е подготвен да им ги помати сметките на NBA фаворитите.

Прва виолина во тимот е младиот и талентиран комбо бек Donovan Mitchell. Американскиот репрезентативец токму летово на Светското првенство во Кина, покажа колкав напредок има во секој елемент на играта. Неспорно е дека “Spida” е иден all-star играч, но застрашувачки делува потенцијалот кој го носи со себе што неспорно во комбинација со работната навика која ја поседува може да го направат супер ѕвезда. Центар Rudy Gobert, кој е веќе два пати избран за најдобар дефанзивец во лигата, на својата гранитна одбрана придодаде прецизен шут и стабилна игра во рекетот. 218 cm вискокиот Французин е еден од најпотценетите борци на деншницата. Во тандем делуваат одлично и неспорно се еден од најсветлите во NBA. Тимот бележеше динамичен прогрес во последните години а остатокот на тимот е сосема солидно пополнет на секоја позиција.

Нов адут во тимот е еден од најстабилните плејмејкери во Светот, Mike Conley Jr. 31 годишниот “Money Mike” пристига во тимот на “џезерите” по статистички најуспешната сезона во неговата 12 годишна професионална кариера. Ако има дефиниција за успешен организатор на играта кој на неприметлив начин ги врши сите задачи кој му се поставени, тоа секако би бил овој играч. Имајќи го во предвид неговото искуство и желбата за напредок на првиот играч во тимот (Donovan Mitchell) присуството на Conley во својот нов клуб е исклучително важно. Иако нема All-Star настапи зад него, не е случајно што токму тој е еден од најплатените играчи во лигата. “Money” беше првото засилување кое стигна во тимот, а следуваа многу повеќе.

Kрилните позиции на ростерот се пополнети со Австралискиот шутер Joe Ingles и Хрватскиот капитен Bojan Bogdanovic, кој oд месец Јули дресот на Indiana Pacers го замени со овој на Utah Jazz. Нови во тимот се и ветеранот Jeff Green како и плејот Emmanuel Mudiay. Токму Mudiay кој потпиша “минимален” договор е вистински џокер за тимот. Важеше за еден од најталентираните играчи во историјата на средношколската Америчка кошарка, а лани ја имаше својата нај успешна сезона како играч на New York. Крајно сериозен потег е и доведувањето на крилниот центар Ed Davis кој може да даде полн придонес за тимот и е подеднакво опасен на двата краја од теренот. Бековите Nigel Williams-Goss и Stanton Kidd се исто така новајлии, кој по драфтувањето собраа неопходно искуство на кошаркарските терени ширум Европа. Двајцата има две одлични сезони зад нив играјќи во врвни тимови во Грција и Турција. Со ова Utah не само што стана подлабок тим, туку и придодаде младост и експлозивност од клупата за резерви. Поранешниот 5-ти пик на драфтот Dante Exum е конечно здрав и подготвен да помогне на централните фигури во тимот.

На хартија Utah Jazz делува силно и адекватно пополнето. Тимот со славно минато додаде неопходни елементи кој само може да помогнат при развојот на своите најдобри играчи. При такви услови, совети и професионализам, успехот неминовно доаѓа. “Џезерите” не се наоѓаат ни блиску до врвот на спортските аналитичари ширум Светот. Но, токму тие и тоа како сериозно треба да се земат во предвид при соочувањето со секој т.н. фаворит и кандидат за NBA тронот.  Utah Јazz – тимот убиец на џинови!

 

 

NBA FAN

Димитар Младеновски

loading...