Колкава пензија се зема во Македонија – ова е минималната и максималната сума

253

Колку изнесува просечната пензија во нашата земја и колку луѓе користат пензија? Според податоците за состојбата на бројот на корисници на пензија за јули 2016 година, вкупно 301.933 луѓе ја искористиле својата просечна пензија.

Просекот за семејната пензија изнесува 10.452 денари, за инвалидската пензија 11.839 денари, за старосната пензија 14.476 денари. Најниска е просечната земјоделска пензија која изнесува 6.172 денари, а највисока е воената пензија која изнесува 20.254 денари.

Вкупниот просек на исплатена пензија за месец јуни 2016 година е 13.139 денари.

Според видот на пензија, најголем дел од пензионерите во нашата земја припаѓаат на старосната пензија со 61.26%. После неа следува семејната пензија со 25.26%, инвалидската пензија, со 12.83%, воената пензија со 0.51% и земјоделската пензија со 0.13%.

Минималната пензија изнесува 7.783 денари, додека максималната пензија изнесува 38.394 денари. Само 0.63 проценти од пензионерите ја земаат најголемата пензија.