Југослав Петровски ѝ даде поддршка на Шкодране Дардишта

1613

“Шарениот” револуционер и театарски режисер Југослав Петровски и даде поддршка на членот на управниот одбор на Телеком Шкодране Дардишта која на приватен профил се закани со војна.

Петровски кој користи варијанта на името Р. Северна Македонија бара никој да не ја критикува директорката што повика на војна туку да критикуваат што Јохан Тарчуловски бил пратеник.

Режисерот не знае дека Тарчуловски веќе не е пратеник.

 

 

 

 

 

 

 

“Подршка за Шкодране Дардишта !

Дур не напишете барем “збор“ за срамот дека осуденик за воени злосторства против човештвото( Хаг, 12год.) Ј.Т. е пратеник во Собрание на Р. Северна Македонија, да се покриете “преку уши’ и збор да не сте напишале против ФБ-статус на госпоѓицата Шкодране Дардишта! Оти очигледно сте субјективни , а згоора – ФБ-статус е приватна работа, а ЗЛОСТОРНИК ПРОТИВ ЧОВЕШТВОТО да е пратеник во НАРОДНО СОБРАНИЕ, е колективен, општонароден, срам!!!
п.с.
Ј.Т. е осуденикот Јохан Тарчуловски”, во јавен пост на Фејсбук пишува Петровски кој беше еден од најистакнатите шарени револуционери.