Холивудската дива ослабнала 18 килограми: Во тесен фустан ја покажала трансформацијата, па воодушевила многумина

729

Ребел Вилсон почнала да практикува строга диета, па целосно ги променила животните навики, па истакнала дека 2020-та година за неа била здрава.

Холивудската актерка и комичарка Ребел Вилсон во последниве неколку денови предизвикува воодушевување каде и да се појави, а не е ништо поразлична ситуацијата ниту на социјалната мрежа Инстаграм каде што објавува фотографии и ја покажува својата неверојатна трансформација.

Ребел позирала во тесен фустан, па ја истакнала својата нова фигура со гордост.

Актерката позирала од хуманитарни причини, а истакнала дека собира пари за училиште во Танзанија.

Многумина го пофалиле нејзиниот чин, а коментирале и дека изгледа подобро од кога и да е:

„Боже, изгледаш неверојато“, „Прекрасна“, „Изгледаш како супермодел“, „Како манекенка си“, „Вистинска дива“ – се само дел од коментарите.

Инаку, Вилсон уште пред неколку месеци открила дека почнала со практикување на строгата диета и режим со вежбање, а целта ѝ е да ги намали килограмите и да го промени начинот на живот.