Доколку сте љубители на богатите десерти, ова е вистинскиот чизкејк за вас.
Лесно се подготвува, но „не е лесен“ поради тоа што содржи многубројни вкусни и калорични состојки.
Состојки:
– 240 грама суви чоколадни бисквити;
– осум лажици путер;
– лажица и половина инстант кафе;
– 200 грама темно чоколадо;
– 600 грама крем сирење;
– 200 грама шеќер;
– 2 лажици какао во прав;
– една ќесичка екстракт од ванила;
– 200 милилитри павлака за готвење.
Подготовка:
Во блендер измелете ги бисквитите и добро измешајте ги со путерот и половина лажичка инстант кафе. Распоредете ја добиената смеса на плех со дебелина околу еден центиметар, па ставете ја во замрзнувач.
Во поголем сад, стопете го чоколадото и ставете го внатре остатокот од кафето. Со миксер изматете го шеќерот, какаото, ванилата, павлаката и крем сирењето, додека не добиете соединета смеса, а потоа внимателно измешајте ја смесата со стопеното чоколадо.
Извадете ја кората од замрзнувач и над неа ставете го добиениот фил.
Чизкејкот чувајте го во фрижидер најмалку четири часа. По желба украсете со рендано чоколадо.
Пријатно јадење!














![[ВИДЕО] Ако победиме на изборите, секој возрасен Американец ќе добие 5.000 долари, најави Трамп](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)

![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















