Бјути бар“ – дел од 7. Издание на “The Bridal Fashion Night”

1290

Во понеделникот идните невести ги одбираа најубавите венчални фустани на седмото издание на “The Bridal Fashion Night”, настан кој е комплетно посветен на свадбениот ден, а се одржа во „Скопје Мериот Хотел“.

Во организација на Моден Викенд Скопје и Скопје Мериот Хотел, на вечерта посветена на идните невести, посетителите ги проследија последните колекции на венчални фустани и свечени тоалети од голем број на дизајнери.

Учество зема и салонот за убавина „Бјути бар“ кој беше задолжен за фризурите на манекенките и во чии рамки ги презентираа новите актуелни трендови за невестински фризури. „Бјути бар“ имаат специјални пакети за невести, а истите освен фризура содржат и шминка. За повеќе информации обратете се на нивниот телефонски број 070666221 или посетете ги нивните официјални страници на Фејсбук и Инстаграм – beautybar.mk