Чадот од цигaрите или никотинот – што повеќе им штети на пушачите? Во овие овошја исто така има никотин

157

Штетноста од пушењето цигари е јасно и дефинитивно научно докажана.  Пушењето цигари стана глобален проблем по Втората светска војна и од тогаш наваму компетентни стручни лица и организации имаат спроведено огромен број испитувања, истражувања, експерименти и тестови кои даваат издржани информации со цел да се обезбедат ефикасни и ефективни начини за борба против глобалниот проблем со пушењето.

Во последните децении се прават големи напори да се подигне свеста за болестите и ризиците што ги предизвикува пушењето. Во многу земји, борбата против пушењето е еден од приоритетите во областа на јавното здравство. Во последните неколку години се спроведуваат бројни кампањи против пушење, редизајнирани се кутиите цигари со пораки кои предупредуваат и ја подигнуваат свеста за сериозните последици што ги предизвикува пушењето, а воведени се и забрани за пушење цигари во затворен простор во многу земји низ светот.

Благодарение на развојот на науката и модерната технологија констатирано е дека никотинот е дел од решението за ова прашање, иако истиот воедно се смета и за извор на проблемот. Голем број истражувања покажуваат дека никотинот го има и во зеленчукот, односно дури и да не сте пушач, консумирате никотин.  Според студијата направена од Универзитетот во Мичиген во 1993-та година,  најголема концентрација на никотин има во модриот домат, 100 нанограми на еден грам модар домат.  Следни на листата се зелените домати кои содржат 42,8 нанограми никотин на грам. Исто и компирот и карфиолот содржат никотин, карфиолот има 16,8 нанограми никотин на еден грам, додека компирот 7,1 нанограм никотин на еден грам.  Во истата студија се открива дека концентрацијата на никотин е многу помал кај зрелите црвени домати споредено со зелените. Сепак, потребно е да се изеде огромна количина од овие зеленчуци за да се постигне ефектот на апсорпција на никотин од цигарите. Еден микрограм никотин се апсорбира од пасивните пушачи во кои престојуваат 3 часа во просторија со чад. За нашиот организам да апсорбира 1 микрограм никотин треба да изедеме 10 гр. модар домат, 59,9 гр. карфиол, 140,4 гр. компир, 23,4 гр. зелени домати или 93,5 гр. зрели домати.

Никотинот ја создава зависноста, но тој не е примарниот причинител на болести поврзани со пушењето. Никотинските лепенки се воведени како редовна терапија за прекин на пушењето уште во 1970-тите.  Слободно може да се каже дека сите сме живееле во заблуда: Пушачите НЕ ги убива никотинот, туку онаод што кашла и се превртува стомакот на секој непушач, а тоа е чадот од цигарите!

Експертите предупредуваат дека чадот од цигарите содржи повеќе од 6.000 супстанции што се ослободуваат со согорување на тутунот. Некои од овие штетни и потенцијално штетни состојки можат да предизвикаат разни видови на сериозни болести. Од друга страна, ако изолирано го погледнеме никотинот, само ако се земе во огромни количини, може да биде токсичен, вели науката. Имено, при пушењето цигара, пушачот апсорбира една десетина од никотинот кој се содржи во истата, или 0,1 милиграм, што значи дека е потребно да се пушат најмалку 400 цигари за еден ден за дозата на никотин да биде фатална.

Истражувањата велат дека повеќето луѓе го сметаат никотинот како главниот виновник за болестите што ги поврзуваме со пушењето. Но, науката го негира тоа и вели дека опасноста всушност демнее во чадот од тутун. Сепак, и покрај фактот дека е потребна посериозна доза на никотин за оштетување на организмот, не можеме да негираме дека не е без ризик. Никотинот претставува супстанца која е високо зависна и, покрај ритуалот и чувството, е причината поради која пушачите всушност продолжуваат со нивната навика.

Токму затоа, потребно е подобро да се разберат различните производи кои содржат тутун и никотин кои спаѓаат во категоријата помалку штетни алтернативи како и стратегиите потребни за подигнување на јавната свест за контекстот на нови производи со намален ризик.

Пушачите ако не се откажат од своите лоши навики, можат да направат промена и да се свртат кон докажано помалку штетни алтернативи“, вели Бенџамин Апелберг, директор на одделот за јавно здравје при американската Агенција за храна и лекови (ФДА).

Минатата година IQOS системот на Филип Морис беше единствениот производ која доби дозвола од Агенција за храна и лекови (ФДА) како производ со модифициран ризик.