Адеми верува во соиграчите од репрезентацијата: Сакаме да не сметаат за аутсајдери

56

Еден од најдобрите македонски фудбалски репрезентативци, Арјан Адеми во интервју за хрватските медиуми говореше и за шансите на Македонија на претстојното Европско првенство.

Македонија е во група со Холандија, Австрија и Украина и важи за тотален аутсајдер во групата, но како што истакна Адеми тоа ни годи како репрезентација.

Играчот од средниот ред е убеден дека Македонија ќе биде вистинско изненадување на Европското првенство и ќе направи големи работи.

– Можеме да направиме многу. Убеден сум дека ќе бидеме изненадување на Европското првенство и ќе направиме големи работи, – истакна Адеми, а хрватскиот новинар го прекина велејќи му дека ова е доста амбициозна изјава од фудбалерот, на што тој возврати:

– Е, знам дека е амбициозна изјава. Верувам дека така звучи. Сите ние во репрезентацијата на Македонија сакаме да не сметаат за аутсајдери. Да не „понижуваат“. Ние сме најмали, но таквите секогаш се најопасни. Нашата репрезентација има одличен карактер, сите гриземе, затоа велам дека можеме да направиме големи работи, – изјави Адеми.