Бокс корнер со Димитар Младеновски-Величината на неуништливиот Владимир Кличко (ВИДЕО)

905

Владимир Владимирович Кличко. Роден на 25 Март 1976 во Семеј (Казакстан). Украинска спортска и култна легенда. Поранешен професионален боксер кој се натпреваруваше од 1996 до 2017 година. Освои се што можеше да се освои. Стана светскиот шампион во тешка категорија двапати, вклучувајќи ги ВБА (Супер), ИБФ, ВБО, ИБО, односно сите наслови и признанија на најпрестижното списание “Ринг”.Стратешки спремен и  ултра интелигентен боксер, Кличко се смета за еден од најдобрите шампиони во тешка категорија на сите времиња. Беше познат по својата исклучителна моќ за нокаут, користејќи брутално силен удар, исправена десна рака и лева “кука”, како и одлична работа со нозете и подвижност, невообичаена за боксерите со неговата висина (цели 198 цм.)Од 2004 до 2015 година, Владимир и неговиот постар брат Виталиј (самиот светски шампион) доминираа во боксот во тешка категорија, период обично познат како „ерата на Кличко“ на дивизијата. Во 2006 година, Владимир Кличко врати дел од светските титули во тешка категорија, откако го победи Крис Бирд на реваншот и ги освои титулите ИБФ и ИБО. Тој ја освои титулата на ВБО по втор пат победувајќи го Султан Ибрагимов во 2008 година. По силната претстава и победа над Руслан Чагаев во 2009 година, Кличко ја доби титулата “Прстен“, а на крајот ја освои титулата ВБА од Дејвид Хеј во 2011 година.  Во Септември 2015 година, Кличко беше рангиран како најдобар активен боксер во Светот, од “Box Rec”. Во Ноември 2014 година, тој достигна врв во кариерата откако беше рангиран како втор најдобар на сите времиња. По победата над Александар Поветкин (во Октомври 2013 година) и до неговиот пораз од Тајсон Фјури (во Ноември 2015 година) Кличко беше признат за линиски шампион од Одборот за ранкинг во боксот, додека ВБА го призна како еден од своите “супер шампиони”. Oваа исклучителна чест што им се дава на боксерите кои ја имаат таа титула покрај оние од другите тела за санкција во истата дивизија.За време на владеењето на Кличко како светски шампион во тешка категорија, неговите борби редовно генерираа глобална телевизиска публика од 300 до 500 милиони гледачи. “Железниот чекан” држи рекорди за најдолго кумулативно владеење на титулата во тешка категорија на сите времиња, со (неверојатни) 4.382 дена како светски шампион во тешка категорија! Повеќето елитни борци кој биле активни (тој период) биле поразени за титулата – светскиот шампион во тешка категорија, токму од украинскиот џин. Во 2011 година, Владимир и неговиот брат Витали влегоа во книгата на Гинисовите рекорди како пар браќа со најмногу светски победи во шампионски борби за  титулата во тешка категорија (40 во тоа време). Годинава, на последната ранг листа, Владимир Кличко е рангиран од “Box Rec” како 15-ти најголем борец на сите времиња и втор најголем европски борец на сите времиња. Владимир има освоено 9 борби во тешка категорија оценет како т.н. “5-Star fighter”, со 5 ѕвезди што е најмногу во историјата. Тој е единствениот борец кој бил рангиран од Светската боксерска федерација како најдобар во тешка категорија во десет последователни години и е единствениот борец кој бил рангиран како топ 10 во тешка категорија 19 пати. Украинскиот колос е исто така првиот во тешка категорија што освоил 1000+ поени и е единствениот што го сторил тоа три пати. Кличко беше вклучен во “Меѓународната хала на славните во боксот” од 2021 година. Вистинска величина!

Уживајте во ова видео.

Димитар Младеновски

Прочитајте некој од останатите колумни во “бокс корнер” на Димитар Младеновски:

Бокс корнер со Димитар Младеновски- Трагичната приказна на Сони Листон (ВИДЕО)

Бокс корнер со Димитар Младеновски- Метеорскиот подем и трагичниот пад на “Мачо” (ВИДЕО)

Бокс корнер со Димитар Младеновски-“Десната рака на сатаната” (ВИДЕО)

Бокс корнер со Димитар Младеновски-Најслатката одмзада во историјата (ВИДЕО)