За ликот и делото на Шекил Рашан О’Нил, е премалку да се напише една колумна.
За него може да се напише цела книга.
Без никаква дилема, една од најмаркатните личности кој се појавиле во историјата на спортот. Од средношколските денови, преку универитетот (“Ел-Ес-Ју”) до богатата професионална кариера, едно беше сигурно. Шек беше појава која до тогаш никогаш не се појавила. Никогаш нема ни да се повтори.
Најсилниот центар кој стaпнал на кошаркарските терени.
Шампион. Доминантен и неуништлив. Единствен. Денес Шек слави роденден.
На својот 28-ми роденден, имаше неповторлива вечер во (својот) “Стејплс” центар. Постигна рекорд во кариерата, 61 поен против соседот (Лос Анџелес Клиперс). Уживајте во најубавите моменти од најсилната поентерска партија на џинот!
NBA FAN
Димитар Младеновски