Бокс корнер со Димитар Младеновски-“Принц” Насим Хамед = најголемиот шоумен од 90-тите (ВИДЕО)

1066

Насим Хамед, или повеќе познат како “Принцот” претставува еден од најголемите шоумени кој некогаш се појавиле во боксерскиот ринг.

Во 90-тите години на минатиот век, “Нас” буквално ги тероризираше противниците. Британскиот боксер доминираше на сцената долг времески период со специфичен и оригинален стил.
Носител на линеалните титули во 1999 и 2000 година. Во десет годишната кариера успеа да оствари неверојатни 35 победи по ред.

Eдна цела декада (од 1992 година па се до 2002 година) “принцот” важеше за најдобар борец во својата категорија – “перо лесна”. Неговиот скор е речиси перфектен, 37 борби – 36 победи (од кој 31 со нок-аут завршница)!

Престижниот британски – “Box Rec”, го прогласи за најдобар британски боксер на сите времиња.
Во 2015 година официјално ја доби најголемата боксерска чест – влез во “Халата на славните” (“International Boxing Hall Of Fame”).

Но, можеби најголема причина по која ќе остане запаметен е начинот на кој доминираше во борбите. Поседуваше молневита брзина која максимално ја користеше во комбинација со моќни удари (со обете раце). Денес ви ги нудиме најдобрите 10 завршници од оваа боксерска величина.

Најголемиот “шоумен” од 90-тите – “Принц” Насим Хамед!

Димитар Младеновски