Ѓорѓе Давид вчера ја извести јавноста по пат на социјалните мрежи дека заболел од корона вирусот.
Вака…Воспаление на дробовите, страшно кашлање- се борел за воздух рокерот зборувајќи за Прва телевизија.
Температура, тука и таму…што да кажам. Дефинитивно данок на несериозноста.Го вртам филмот како и што, во секој случај тешко дека мене болестите во живот ми се случувале. Ова ми е првпат во животот да сум во болница, што значи дека некој кој е со јака конституција и добро здравје, предобро, кога некој ќе закачи вакво нешто, тогаш мислам дека сите луѓе би требало да бидат негде свесни дека навистина тоа може да се случи секому- рече Давид.
Ако во почетокот мислевме дека е претерување со полицискиот час, со вонредната состојба. Јас сум жив пример дека тоа е единствено е исправно во овој момент. Ги поздравуваме сите пријатели кои ми дадода подршка, посебно колегите од Ѕвездите на Гранд. Ќе го преживеам и ова, ама не ми требаше. Чувајте се луѓе, останете дома – заклучи Ѓорѓе Давид од болница и под заштитна маска.














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















