Шведскиот водечки епидемиолог не ја поддржува главната заштита од коронавирусот

176

Водечкиот шведски епидемиолог Андерс Тегнел и понатаму одбива да ги препорача заштитните маски и предупредува дека е “многу опасно” луѓето да се потпираат на нив.

“Многу е опасно да се верува дека маските за лице ќе ја променат играта кога станува збор за Ковид-19”, изјавил Тегнел за “Financial Times” и објаснил дека маските можат да бидат додаток на други работи ако се доволно безбедни.

“Но, да се има маска за лице и потоа да се мисли дека може да ги наполните автобусите или трговските центри – тоа е дефинитивно грешка”, изјавил епидемиологот, кој е главен автор на шведската стратегија за борба против коронавирусот, која не предвидува рестриктивни мерки, пренесува “Business Insider”.

Тој како пример ги навел Белгија и Шпанија кои препорачуваат носење на заштитни маски, а сепак имаат голем број заразени со коронавирусот.

Досега во Шведска се заразени 86.068 лица, а како последица од вирусот починале 5.810 лица.