Македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс ја доби престижната награда за најкорисен играч во “Лигата на шампионите”.
Оваа награда, Шортс ја доби на специјална церемонија. Најдобрите 4 тимови во ова елитно натпреварување ќе се соочат меѓусебно во Малага, каде и нашиот плејмејкер го прими ова признание. Шортс беше најдобар стрелец како и играч со највисок индекс на процентни поени во досегашниот тек на натпреварувањето.
Лидерот на Телеком Бон до сега има просечни 19 поени и 7 асистенции по меч.
Димитар Младеновски











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)



















