Нереална трансформација на познатиот оскаровец: Од мускулест „гладијатор“ до вишок килограми и запуштен изглед

665

Актерот Расел Кроу на 7 април го прослави својот 57-ми роденден, а освен актерската кариера по која наголемо е познат, Кроу е и музичар, а зад себе има и неколку албуми.

Сепак, тој е најпознат по своите филмски улоги, а најмногу по онаа во филмот „Gladiator“ со која го освои филмскиот свет. Во 2001 година доби Оскар за главна машка улога, а во 2000 година и 2002 година беше номиниран за филмовите „The Insider“ и „A Beautiful Mind“.

Кроу го следи репутација на лесно избувлив човек – во периодот од 1999 до 2005 година тој неколку пати се нашол во проблеми со законот. Се карал пред еден австралиски хотел, јавно го навредувал режисерот Малколм Гери, се тепал со бизнисменот Ерик Вотсон и со телефон гаѓал еден полицаец во Њујорк, за што морал да плати голема отштета.

Од 2003 до 2018 година беше во брак со актерката Даниел Спенсер со која има два сина – 17-годишниот Чарлс и 14-годишниот Тенисон.

Неодамна Расел бил фотографиран како игра тенис со 26 години помладата девојка Бритни Териот, а на фотографиите се гледаат неговите вишок килограми кои не се ни труди да ги сокрие, како и долгата коса и брада.

Една од причините за неговиот сегашен изглед е и припремата за улогата во филмот „Unhinged“, но се чини дека тоа не му смета. Во текот на гостувањето во емисијата на Дејвид Летерман во 2010 година, Кроу открил дека 36 години пушел над 60 цигари дневно.

Оскаровецот обожува и спорт, особено австралиско рагби кое често заминува да го гледа. Покрај тоа сака и крикет, а е голем навивач на фудбалскиот клуб Лидс од Англија.