Најинтересниот натпревар од богатата NBA програма, синоќа се одигра во Тексас.
Далас го пречека Бруклин а Лука Дончич, повторно имаше историска претстава. Словенската ѕвезда постигна 36 поени, 6 скокови и 6 асистенции со што беше најзаслужниот за домашниот тесен триумф од 96:94.
За Дончич ова беше девети последователен натпревар на кој ја поминува границата од триесет постигнати поени по почетокот на првенството, што претставува само втор случај во историјата на НБА. Последен ваков случај е далечната сезона 1962/1963 кога легендарниот Вилт Чембрлен имаше (неверојатни) 23 последователни натпревари со над 30 поени, на стартот од сезоната.
За “мавси” ова претставуваше шеста победа сезонава, а за Бруклин Нетс седми пораз.
NBA FAN
Димитар Младеновски





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)











![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












