Годинава ќе добиеме нов шампион.
Милвоки Бакс во решавачкиот седми меч беше демолиран од Бостон Селтикс со 109:81 по што актуелниот шампион е елиминиран со 4:3. “Селтикси” одиграа одличен натпревар а посебно доминираа во второто полувреме. Младиот крилен играч Грент Вилијамс го одигра натпреварот на кариерата постигнувајќи 27 поени а Џејсон Тејтум постигна 23 поени.
Пласманот во финалето на источната конференција е уште поинтересно бидејќи Бостон ќе се судри со Мајами Хит, исто како во 2020 година кога “келтите” загубија со 4:2. Тимот од Флорида ќе биде домаќин на првиот натпревар во конференциското финале кое започнува во Среда наутро, во 2:30.
NBA FAN
Димитар Младеновски
















![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)

![[ВИДЕО] Трамп ги губи нервите, враќањето во војната е сè поверојатно, пишува Си-ен-ен](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2018/06/image-1276086-860_poster_16x9-nxzk-1276086-218x150.jpg)


















