Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез изјави дека ќе го напушти тимот кога ќе сфати дека повеќе нема да може да одговори на задачите. Според Уругвајскиот, така е фер кон клубот.
– Големите играчи како Чави и Иниеста не можеа да ги завршат своите кариери во каталонскиот клуб, бидејќи тоа е тешко. Кога повеќе нема да одговарам на нивото на Барселона и јас ќе го сторам тоа. Ова е нормално однесување. Барселона е клуб за кој мечтаат многу фудбалери и секој што ќе ја добие довербата мора да ја оправда. Јас секогаш ќе се обидувам да играм максимално, изјави Суарез.
Тој се осврна и на минатата сезона и рече дека не може да ја заборави елиминацијата од Рома во Лигата на шампионите.
– Се уште жалам за поразот во Рим (3:0). Според мене, причина за тоа е мечот со Леганес што го игравме три дена претходно. Имавме комотна позиција на врвот во Ла Лига и мислам дека не требаше да играм 90 минути на тој меч за да бидам одморен со Рома, нагласи Суарез.
Уругвајскиот репрезентативец во Барселона е од 2014 година. Претходно настапуваше за Ливерпул, Ајакс, Гронингем и Насионал.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















