Рано утрово се познати уште два тима кој обезбедија пласман во второто коло на годинашниот плејоф.
Актуелниот шампион, Милвоки Бакс со победата од 116:100 го елиминираше Чикаго Булс. Јанис Антетокумпо со 33 поени беше лидер на “елените” а младиот Пет Конатон реализира 20 поени. Следува ултра возбудлив дуел помеѓу Милвоки Бакс и Бостон Селтикс во полуфиналето на источната конференција.
Голден Стејт Вориорс по фуриозната последна четвртина го порази Денвер Нагетс со 102:98. Стеф Кари беше најпрецизен со 30 поени а уште четворица негови соиграчи имаа двоцифрен број на поени. “Воините” во следното коло го очекуваат подобриот од дуелот помеѓу Мемфис и Минесота каде во моментов е 3:2 за “гризлис”.
NBA FAN
Димитар Младеновски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)




















