Супер засилување за репрезентацијата: Ракип ќе игра за Македонија

37

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе добие супер-засилување во сениорскиот тим, затоа што Ердал Ракип од шведски Малме доби дозвола од ФИФА да го облече дресот на „рисовите“ и да дебитира за сениорскиот тим.

Се работи за 25-годишен играч од средниот ред кој може да се снаоѓа и како играч за врска и како директен учесник во акциите на главниот дел од теренот. Ракип има македонско потекло и доби дозвола од ФИФА да го облече дресот на Македонија во октомвриските квалификации.

Ердал Ракип од 2019 година е член на Малме и е константен. Во Алсвенскан има 16 настапи, два гола и една асистенција, а исто така играше и во првиот тим против Јувентус во рамки на првото коло од Лигата на шампионите.

Покрај за Малме, играчот во кариерата настапуваше и за Бенфика и Кристал Палас. Македонија во октомври ја очекуваат мечеви со Лихтенштајн на гости и со Германија на домашен терен.