Коби Брајант одреди кој е најдобар: Тој, Џордан или Леброн..

151

Некогашниот кошаркар на ЛА Лејкерс и репрезентативец на САД, Коби Брајант, прокоментира на тема за тоа кои играчи одбележаа една ера во историјата на НБА кошарката.

Во емисијата „Late late show“ кај Џејмс Ко рден, имаше една неблагодарна задача за Коби, кој требаше да каже кој кошаркар каде го рангира.

Добро, добро… јас сум најдобар, потоа следуваат Мајкл Џордан, па дури Леброн на третата позиција“, истакна Брајант, кој беше искрен и сакаше сам да се позиционира на првата позиција.

Еден од најдобрите играчи во историјата е секако Коби, кој со Лејкерс некогаш освои 5 шампионски титули, во 1346 натпревари во најсилната лига, тој бележеше во просек по 25 поенк, 5 скокови и скоро по 5 асистенции.