Продолжува разочарувачката игра на Лос Анџелес Лејкерс. Рано утрово ланскиот финалист, Феникс Санс гостуваше во Калифорнија и му нанесе нов тежок пораз на тимот од “Ел-Еј”.
“Сонцата” имаа подобро второ полувреме кое беше пресудно за конечниот резултат (108-90). Феникс е тимот кој ланското првенство го елиминираше Лос Анџелес Лејкерс од плејофот. За тимот од Аризона (каде седум играчи имаа двоцифрен број на поени) најпрецизен беше Девин Букер со 24 поени. За домаќините, Леброн Џејмс постигна 34 поени кој не беа доволни за триумф. По третиот пораз по ред, “лејкерси” се на 50% успешност со скор 16-16, додека “санси” се на врвот на Западот со биланс 25-5.
NBA FAN
Димитар Младеновски